прва страница македонски english
Капацитети 
Профил
Конфекција ДЕКОН АД - Гостивар претставува современа текстилна фабрика за производство на тешка и полутешка конфекција. Околу 95% од производството е ориентирано за извоз врз основа на лон - работењето, а остатокот од 5% е за домашен пазар.
Кратка историја
Конфекција Декон АД - Гостивар е една од најстарите компании во општина Гостивар. Датира од 1948 год. како фабрика за рачно производство на персиски килими под името ПРОЛЕТЕР. Подоцна, во 1953 год. кон килимарницата се припојува шивачки салон.
Капацитети
Следејки ги барањата на нашите партнери, постојано инвестираме во нова опрема со цел модернизација и автоматизација на производствените процеси, како и едукација на работниците и организирање на обуки за нови работници.
Пријавете се со своја e-mail адреса за да добивате објави за новините во Декон